Поврзете се со нас

Свет

Несекојдневно: Репеша поднесе оставка по само еден натпревар на клупата на Фортитудо

Објавено

на

Хрватскиот стручњак Јасмин Репеша го привлече вниманието на кошаркарската јавност со неверојатна одлука.

По само еден натпревар на клупата Фортитудо Болоња, Репеша поднел оставка на функцијата и се повлекува од клубот.

Фортитудо загуби драматичен натпревар од Реџо Емилија во првата рунда на италијанското првенство, а Репеша бил исклучен од судиите.

– Се извинувам поради исклучувањето, имам почитување за судиите на натпреварот.

– Работев како куче да го донесам тимот на прав пат, но во соблекувалната ми беше лошо, имав тахикардија. Фортитудо е мојата прва и најголема кошаркарска љубов, но давам оставка, не можам да продолжам, – изјавил хрватскиот тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни