Поврзете се со нас

Шпанија

Несекојдневна сцена во Ла Лига: Судијата доби шише во гради, па сам го детектираше напаѓачот (Видео)

Објавено

на

Шпанските арбитри се почесто добиваат слаби оценки за своите изданија во Ла Лига, а тоа често носи големо незадоволство и револт на трибините, кои повремено знаат да предизвикаат и агресија.

Натпреварот меѓу Еспањол и Вилјареал кој се одигра вчера најдобар доказ за тоа, бидејќи по последниот судиски свиреж, Кинтеро Гонзалес мораше да се занимава со необична задача за него.

Главниот арбитар имаше навистина лош меч и доби слаба (3-ка) оценка од експертите, а бидејќи бесните навивачи на Еспањол сметаа дека му нанесе штета на домашниот тим, следеше и непријатна епизода.

Кинтеро беше погоден со шише во пределот на градите во моментите кога одеше кон тунелот со своите помошници, но ситуацијата стана уште поинтересна поради неговата реакција.

Главниот арбитар сам го детектираше напаѓачот и им посочи на безбедносните лица кој човек треба да се приведе, па повеќе од јасно е дека за овој навивач на Еспањол сега ќе следат денови со голема неизвесност.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни