Поврзете се со нас

Англија

Несекојдневна мајсторија: Сензационалните „шумари“ постигнаа гол како на видео игра (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NFFC

Нотингем Форест е убедливо најпријатното изненадување во Премиер лигата оваа сезона, а на популарните „шумари“ добро им оди по 45 минути одиграни на „Гусисон парк“.

Тимот на Нуно Санто поведе со 0:1 и на пауза замина со предност, па ако Нотингем успее да мине со три бода на „Гудисон парк“, вечерва ќе избие на второто место на табелата.

Крис Вуд беше стрелец на погодокот кој многу брзо привлече огромно внимание во англиската спортска јавност, а причина за тоа е акцијата која изгледаше како да е направена на видео игра.

Гибс Вајт со долга топка го проигра Вуд, овој му ја спушти топката на Еланга, по што следеше двојно проигрување и шмекерска завршница на Крис.

Напаѓачот на Нотингем ја заврши акцијата со маестрален лоб, па ова дефинитивно ќе биде еден од најубавите голови видени оваа сезона во Премиер лигата.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни