Поврзете се со нас

Англија

Несекојдневна фудбалска пракса: Артета ангажирал професионални „џепароши“ за да им одржи лекција на играчите на Арсенал

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Микел Артета го врати Арсенал на вистинскиот пат и тимот од Северен Лондон значително го подигна нивото во послдните три години, од кои во послдните две до самата завршница се бореше и за титулата во Премиер лигата.

Арсенал на двапати остана покус во намерата да го детронизира Манчестер Сити и ќе мора да почека нова шанса, но таквиот епилог не го разочарува амбициозниот Артета, кој е уверен дека шампионскиот момент ќе дојде и за неговиот тим.

Шпанскиот стручњак со педантна методологија и јасна филозофија ја врати надежта меѓу навивачите на Арсенал, па иако се истакна и со неколку чудни потези во изминатите неколку години, последната тактика која ја употребил за да ги свести своите играчи е поразлична од сите други.

Угледниот „Атлетик“ ексклузивно дознава дека Микел им одржал оригинална лекција на своите фудбалери, кои останале шокирани од епилогот на една обична тимска вечера.

Имено, Артета ангажирал тим од професионални „џепароши“ кои имале за задача да ги ипразнат џеповите на фудбалските ѕвезди, по што Артета на крајот од вечерата им порачал на своите играчите да извадат на маса се што имаат во себе.

Фудбалерите на Арсенал останале збунети поради работите кои им недостасуваат, а Артета им порачал дека ова треба да им послужи како лекција за тоа дека секогаш треба да бидат будни и внимателни, дури и кога не очекуваат неволји и проблеми на теренот, но и надвор од него.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни