Поврзете се со нас

Свет

Несекојдневен момент: Голман со рагби потег спречи противник да постигне гол (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/AGFFodbold

Екипата на Архус вчера доживеа убедлив пораз од Брондби во данското првенство, а еден од виновниците за таквиот епилог е голманот на домашниот тим.

Англискиот интернационалец Бејли Пикок-Фарел направи голем кикс во 23. минута од натпреварот и реши истиот да го „круниса“ со старт за исклучување.

Пикок-Фарел го совлада противничкиот играч со рагби потег и не му дозволи да постигне гол на празна мрежа, по што гостите си добија пенал и предност од фудбалер повеќе до крајот на средбата.

До крајот, Брондби рутински ги освои бодовите со победа со резултат 0:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни