Поврзете се со нас

Германија

Несебичниот Санчо запиша асистенција на „второто деби“ во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Многумина сметаа дека Џејдон Санчо го одигра последниот меч во германскиот фудбал пред три години, но судбината имаше други планови за Англичанецот кој оваа зима се врати на „Сигнал Идуна парк“.

После катастрофалните месеци кои ги имаше на „Олд Трафорд“, Санчо направи кам-бек во Борусија Дортмунд и беше претставен како огромно засилување пред два дена, а денеска веќе го имаше своето „второ деби“.

Крилниот напаѓач веднаш влезе во акција и се потсети на своите најдобри денови во играчката кариера, но мора да се признае и дека му прилега офанзивниот и директен фудбал кој се игра во Германија.

Борусија денеска победи на гостувањето кај Дармштад со резултат 0:3, а Санчо покажа завидна несебичност и го проигра Ројс во ситуација кога можеше да бие за 0:2.

Останатите два гола за Борусија ги постигнаа Брандт и Мукоко.

Асистенцијата на Санчо погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни