Поврзете се со нас

Свет

Нервозниот Роналдо одговори со вулгарен гест на „Меси“ прозивките од трибините (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Пресметката меѓу Ал Шабаб и Ал Наср донесе доста нервоза и меѓусебни провокации меѓу фудбалерите на теренот, но во претставата се вклучија и домашните навивачи.

Симпатизерите на Ал Шабаб постојано се обидуваа да го извадат од кожа Кристијано Роналдо, а на крајот успеаја во тоа и напрвија да видиме еден недоличен потег од Португалецот.

Роналдо постигна гол од пенал и со истиот го отвори дербито кое заврши со резултат 2:3 за гостите, но сепак играч на мечот беше Талиска кој постигна два клучни гола за победа.

Кристијано им ги покажуваше мадињата на навивачите на Ал Шабаб уште за време на голот за 2:3 кој го постигна Талиска, но беше уште пожесток на прозивките „Меси Меси“.

Роналдо одговори доста жестоко со невкусен гест во стилот на Емилијано Мартинез, па со тоа брзо доби и доста негативни коментари на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни