Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нервозниот Луис Енрике излегол со краток коментар за ужасното издание на Донарума против Арсенал

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

ПСЖ не личеше како француски шампион на гостувањето во Северен Лондон и заслужи доста поубедлив пораз од конечните 2:0, па нормално е тоа што Луис Енрике не бил премногу расположен за зборување на прес-конференцијата.

Како што откриваат француските новинари, Лучо одбил да одговори на сите прашања кои му биле поставени за Усман Дембеле кој го исфрли од тимот поради дисциплински причини, но затоа дал краток коментар за ужасната партија која ја имаше Џиџио Донарума на „Емирејтс“.

Италијанецот кумуваше во поразот со две навистина лоши грешки за негови стандарди, па иако Лучо вината не ја префрли на голманот, не пропушти да нагласи дека одиграл меч за минимална оценка.

– Никогаш не сакам никого да посочувам индивидуално и нема да го правам тоа. Поразот оди на моја душа, ја прифаќам целата одговорност. Поразот е заслужен, не добивме ниту еден дуел. Донарума постави минимален стандард против Арсенал, но истото важи и за сите негови соиграчи.

– Арсенал беше подобар во секој поглед, станува збор за еден од најдобрите тимови во светот. Невозможно е да остварите позитивен резултат против нив кога нема да добиете ниту еден дуел. Нивните дефанзивци ги читаа нашите напаѓачи, беа суперирни во секое движење, – изјавил Луис Енрике, кој посебно бурно одговорил на еден новинар кој почнал да му зборува за погрешна тактика.

– Немам никаква желба да објаснувам тактички работи, бидејќи сигурен сум дека нема да разбереш ништо. Мораме да коригираме многу работи како тим, но немам намера да објаснувам ништо за тактика пред вас, – порачал Лучо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни