Поврзете се со нас

Формула 1

Нервозниот Леклер ја презема вината и излезе со брутален заклучок за своето возење (Видео)

Објавено

на

Шарл Леклер првично преку тимското радио се пожали дека не можел да одземе гас во свиокот во кој загуби контрола на своето Ферари, но потоа со ладна глава ја прифати вината и призна дека направи возачка грешка на Пол Рикар.

Возачот од Монако имаше за цел да ја намали предноста во генералниот пласман во однос на Макс Ферстапен, но наместо тоа, истата сега изнесува 63 бода и актуелниот шампион има повеќе од две трки во „џеб“.

Бесниот крик на Леклер му ударот во заштитната ограда најдобра ја опиша неговата фрустрација, но колку е големо неговото разочарување открива и интервјуто во кое е доста остар кон самиот себе.

– Грешка, едноставно грешка. Велам дека сум на највисоко ниво и дека возам најдобро во кариерата, но продолжувам да правам грешки. Бесцелно е да бидам на врвот, ако продолжам да правам вакви грешки не заслужувам да се борам за титулата.

– Го велам ова бидејќи сметам дека бевме најбрзи, тука загубив 25 поени, а направив грешка и на Имола. Тоа е неприфатливо, ако ја загубам титулата за 35 поени ќе знам од каде дошле, – изјави Леклер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни