Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нервозниот Фјури викал пред англиските новинари по вториот пораз од Усик: Бев подобар за три рунди! (Видео)

Објавено

на

Тајсон Фјури немаше претрпено ниту еден пораз во блескавата кариера до месец мај оваа година, но оттогаш врза два порази во пресметките со Александер Усик, а вториот пристигна рано утрово.

Британскиот предизвикувач имаше добра борба во Ријад и во првиот дел беше очигледно подобар и поагресивен, но во вториот дел од битката во рингот почна да го чувствува заморот и му ја препушти иницијативата на актуелниот светски шампион.

Добрата физичка подготовка на Усик повторно дојде до израз во завршницата и според судиите тоа беше доволно да му доделат едногласна победа со 116:112, нешто што толку го разлути Фјури, што популарниот „Џипси Кинг“ реши веднаш да го напушти рингот.

Фјури не дочека да заврши победничкиот говор на Усик и веднаш се упати кон соблекуваланите, а на пат дотаму испорачал неколку изјави за англиските медиуми.

– Се колнам во Бога, мислев дека сум сигурен победник. Бев подобар за три рунди од него! Бев напаѓачки ориентиран цело време, но кога нема да ја завршите работата со нокаут, ова е тоа што може да се случи.

– Дали ќе се борам пак во иднина? Не сум сигурен. Може да ме видите пак, но можеби и нема да ме видите повторно, – изјавил нервозниот Фјури по новиот пораз во Ријад.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни