Поврзете се со нас

Свет

Нервозниот Бензема се огласи за својата иднина по лошите два месеци во Саудиска Арабија

Објавено

на

Foto:twitter.com/ittihad_en

Карим Бензема стана топ тема во Саудиска Арабија поради фактот што задоцни на подготовките на првиот тим во вториот дел од сезоната, а во ситуација кога Французинот тврдеше дека „заглавил“ поради лошо време на Маурициус, медиумите пишуваа дека со тоа само врши притисок за да се врати во Европа.

Францускиот напаѓач поради доцнењето беше казнет од тренерот Галјардо и пропушти неколку натпревари, па во тој период уште толку се подгреаја шпекулациите за враќање на стариот континент, особено ако се знае дека Карим имаше проблеми и со претходниот тренер, Нуно Санто.

Лошите два месеци во Саудиска Арабија секако оставија трага врз голгетерот и тој си даде автогол на вториот меч по враќањето, но сепак добра вест за него беше што Ал Итихад се пласираше во четвртфиналето во азиската Лига на шампиони.

Говорејќи за азиските новинари по овој натпревар, Карим го искажал сето незадоволство за шпекулациите кои кружеа во јавноста во последно време, објанувајќи дека тој не бил проблемот и во ниту еден момент не побарал заминување.

– Се вратив во тимот и се чувствувам многу подобро. Сториите за моето заминување не се вистинити, јас сум среќен во Саудиска Арабија. Немам проблем со тренерот Галјардо, а сите оние кои велат дека сакам да се вратам во Европа се големи лажговци.

– Среќен сум во Ал Итихад, јас немам проблеми со никого тука. Прашајте го тренерот за моето отсуство, јас бев подготвен уште на почетокот на февруари, – изјавил нервозниот Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни