Поврзете се со нас

Италија

„Нероаѕурите“ грабат кон титулата: Интер ја „здроби“ и Аталанта (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Екипата на Интер ја прегази Аталанта со 4-0 во заостанатата средба од 21. коло во италијанската Серија А.

„Нероаѕурите“ уште еднаш потврдија дека се најдобриот тим во Калчото во актуелнава сезона и едноставно грабат кон Скудетото, односно само чудо може да ги спречи да не бидат шампиони за натпреварувачката 2023/2024.

Дармијан и Мартинез стрелаа за домаќините во првиот дел во кој на гостите им беше поништен гол поради игра со рака.

Во вториот дел Димарко погоди за 3-0, а конечниот резултат го постави Фратези во 72 минута.

Интер сега има 69 бода или 12 повеќе во однос на второпласираниот Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни