Нереалната утка на Адријан во 92. минута и овозможи на Валенсија да се радува на три бода (Видео)

adrijan-emre

Депортиво Ла Коруња и Валенсија го одиграа дерби пресметка во Примера која во овој момент не се доживува како што беше ситуацијата како пред десетина години, но затоа двата тима понудија феноменален фудбал и беспоштедна битка на „Риазор“ која донесе и неверојатна драма во финишот.

Валенсија имаше водство од 0:2 со двата среќни гола кои ги постигнаа Гуедеш и Родриго Морено, но за исклучително луда завршница се погрижија домашните фудбалери кои со последните атоми од силите се обидоа да дојдат до подвиг. Андоне намали на 1:2 во 87-та минута, а она што го промаши Адријан Лопез во 92-та минута едноставно ги фрли во неверица фановите на Депортиво и самиот играч.

Напаѓачот на Депортиво уште неколку минути по крајот на мечот не можеше да се соземе од големата утка, а иако доби поддршка од своите соиграчи, сигурно нема по добро да го памети мечот со Валенсија која пак со оваа победа стигна до 40-от бод во Примера.

Facebook Коментари