Нереална ситуација на Дакар: Пацифичкиот Океан го „проголта“ Минито на Ал Раџи (Видео)

mini-okean

Овогодишеното издание на Дакар дефинитивно ќе се памети по големиот број на откажувања за време на првите пет етапи на најтешкото рели во светот, но покрај повлекувањата на Нани Рома, Вилјаш Боаш и Лоеб, последната етапа сега ни донесе и една нереална ситуација.

Петтата етапа на релито Дакар беше сочинета и со една 20-километарска делница при која возачите возеа крај Пацифичкиот Океан, а сето ова го збунило Џазид Ал-Раџи кој ја одбрал погрешната насока и дозволил надојдениот Океан да го проголта неговото Мини.

Вистинска среќа во дадената ситуација било тоа што неговиот совозач успеа да го врзе јаже и да го задржи Минито, а целата несреќа имала позитивен крај откако неговиот колега од Мини, Борис Гарафулиќ го извлекол автомобилот од Океанот.

На крајот, Џазид пристигнал на целта со повеќе од двечасовно заостанување, но барем ќе ја продолжи својата авантура на годинешното издание на Дакар кое се уште не е дојдено ниту до половина.

Facebook Коментари