Нереална сцена во Мадрид: Голманот глумеше дека доби удар од собирачот на топки, главниот судија нервозно го испрати на туширање (Видео)

kueljar-sudija

Атлетико Мадрид ја продолжи својата агонија во која навлезе во последно време и денеска само ремизираше на домашен терен против Леганес, натпревар кој во самата завршница ни понуди и една нереална сцена која навистина се гледа еднаш во неколку децении.

Во главна улога се најде гостинскиот голман Пичу Куелјар, кој во обид да го потроши времето, одлучи да глуми дека доби удар од собирачот на топки. Овој негов нерезонски потег го разлути гледалиштето на „Ванда“, но и главниот судија Матеу Лаоз кој без размислување му го покажа патот кон соблекувалната.

Покрај ова, главниот арбитар во својот записник напиша дека Куелјар на театрален начин глумел удар од собирачот на топки, поради што може да добие казна од неколку натпревари.

Инаку, средбата на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид заврши со разочарувачки 0:0.

Facebook Коментари