Поврзете се со нас

Германија

Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)

Објавено

на

Сент Паули и Хамбургер одиграа без победник (2-2) во дерби средбата од 15. коло во втората германска лига, меч во кој двете екипи си поделија по едно полувреме.

Меѓутоа оваа средба ќе биде запаметена по еден од најчудните автоголови во историјата на фудбалот, „мајсторија“ за која се погрижи гостинскиот голман Даниел Хојер Фернандеш.

Голманот кој имаше 31 година изреагира аматерски на една повратна топка во близина на сопствениот гол и ја смести истата во сопствената мрежа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни