Поврзете се со нас

Светски првенства

Нерасположениот Кристијано кратко се огласил за својата иднина и испратил јасна порака: Сакам само едно нешто

Објавено

на

Кристијано Роналдо достојно ја прифати одлуката на Фернандо Сантош да остане на клупата за резерви и да не биде во стартната постава против Швајцарија, но беше видно нерасположен по крајот на мечот поради фактот што немаше никаков учинок во пласманот во четвртфиналето.

Родениот победник беше прв кој замина во соблекувалната додека неговите соиграчи славеа на теренот, а бил доста оскуден и додека давал кратки изјави на прашањата кои му ги поставиле новинарите.

Роналдо порачал дека освојувањето на титулата на Светското првенство е сонот кој сакаат да го остварат сите Португалци, но се огласил и за својата иднина.

„Марка“ ексклузивно инфомираше дека Роналдо потпишал две иполгодишен договор со Ал Наср вреден 500 милиони евра, информација која сега беше демантирана од Португалецот.

– Не, таа вест не е вистина, – кратко одговорил Кристијано, кој потоа му испратил само добри желби на легендарниот Пеле.

– Сакам состојбата на Пеле да се подобри. Нашиот крал мора да биде подобар. Тоа е она што го сакам и она што сите го сакаме, – изјавил Роналдо кој не бил баш расположен за давање интервјуа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни