Свет
Нерасчистени сметки меѓу Ирците: МекАтир го предизвика Кин на пресметка во ринг

Џејсон МекАтир реагираше на последните коментари на Рој Кин за односот меѓу поранешните ирски репрезентативци и смета дека двајцата треба еднаш засекогаш да се соочат и пресметаат, по што би престанале да го коментираат она што се случувало во минатото.
Кин како гостин во подкастот на Гери Невил зборувал за црвениот картон заработен поради ударот на МекАтир, кој во тие моменти настапуваше за Сандерленд.
– Тој си го заслужи ударот, а јас не би рекол дека некогаш сме биле пријатели. Тоа што сме играле заедно во репрезентацијата, не значи дека сме се почитувале.
– Јас ги сакав фудбалерите кои не зборуваа многу. Можевте да ме удирате, да ме повредите, но МекАтир секогаш имаше да каже нешто повеќе од другите. Не заслужив да бидам исклучен на тој натпревар, ако погледнете добро, не успеав ни да го закачам, – изјавил Кин.
МекАтир не остана должен и побара познатиот боксерски агент Еди Хрн да организира борба.
– Веќе ми е преку глава од него, подобро е да дојде и да се пресметаме како луѓе. Или можеме да влеземе во ринг за по еден милион фунти за двајцата и да боксуваме. Еди Хрн, ако го гледаш ова, јави му се. Ајде Рој, да го направиме тоа и во иднина веќе нема да зборувам на оваа тема, – изјавил МекАтир за „беИН Спорт“.
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…