Поврзете се со нас

Англија

Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви

Објавено

на

Арон Рамздејл е најголем губитник во првиот тим на Арсенал од стартот на новата сезона, бидејќи доскорешниот играч кој беше неприкосновен стартер во почетните 11, сега е редовен на клупата за резерви.

Англискиот репрезентативец ја загуби битката со Давид Раја и Микел Артета се одлучи за квалитетите на шпанскиот голман, пред се поради тоа што тој игра далеку подобро со нога.

Оваа одлука на Артета се провлекува во јавноста веќе неколку месеци и добар дел од фановите на Арсенал не се согласуваат со неа, најмногу поради тоа што сметаат дека Рамздејл е далеку подобар и посигурен голман меѓу стативите.

Раја вчера прими два смешни гола на гостуваењто кај Лутон и имаше среќа што Деклан Рајс го извади со гол за победа во 97-та минута, но и покрај победата од 3:4, видео на вечерта беше она од клупата за резерви.

Шпанецот прими гол под рака од Баркли во ситуацијата кога Лутон направи пресврт за 3:2, а камерата го улови Рамздејл како му фаќа сеир на колегата, пред да сфати дека се наоѓа во главниот кадар на телевизискиот пренос……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни