Поврзете се со нас

Лига Европа

Непроценливо: Реакцијата на стадионот во Франкфурт по голот вреден европска титула (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EuropaLeague

Кевин Трап имаше херојски реакции во 118-та минута и во пенал рулетот, но покрај голманот, посебно се истакна и Колумбиецот Рафаел Сантос Боре.

Напаѓачот најпрво израмни на 1:1 во регуларниот дел од финалето против Ренџерс, за во продолжение да ја преземе одговорноста во најтежок момент.

Боре остана ладен како шприцер во последната петта серија и со сигурен удар го одлучи победникот во големото финале во Лигата на Европа, кое со огромно внимание беше следено во Шпанија, но и во Германија и Шкотска.

Дефинитивно, далеку пофренетично и поеуфорично беше во Франкфурт, каде 50 илјади навивачи на Ајнтрахт го следеа натпреварот на домашниот стадион.

„Валдстадионот“ беше домаќин на страствените навивачи кои не можеа да заминат во Севилја, а реакцијата на „белата армија“ по голот на Боре е едноставно непроценлива.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни