Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Непроценливи реакции: Агуеро го „намириса“ најлошото и пцуеше две ѕвезди на Реал (Видео)

Објавено

на

Кун Агуеро остана доследен на своето и го коментираше во живо и второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, но за разлика од првото, второто го заврши максимално потопен, идентично како и Пеп Гвардиола и сите негови играчи.

Легендарниот напаѓач на Сити имаше непроценливи реакции во самата завршница од регуларниот дел од мечот, кога Реал Мадрид успеа да постигне два гола во неполни 100 секунди.

За разлика од минатиот пат кога вклучен во живо беше Балотели, соговорник на Агуеро сега беше Карлос Тевез, а двајцата како поранешни напаѓачи на Сити мораа да гледаат „кралски танц“ и пресврт на домаќините.

Агуеро како да го „намириса“ најлошото по првиот гол на Родриго и во очај изговори дека судијата продолжи дури шест минути, а неговите стравувања брзо се остварија.

Родриго постигна втор гол за 2:1 и тоа го разбесни Агуеро, кој во моменти на фрустрација ја спомена и сестрата на Бразилецот, а претходно го пцуеше и Бензема за спуштената топка за голот за 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни