Поврзете се со нас

Македонија

Непријатност во Вардар пред дуелот со Нексе, еден играч е позитивен на коронавирусот

Објавено

на

Опасниот коронавирус влезе и во редовите на актуелниот европски и македонски шампион, Вардар.

На неколку дена пред натпреварот од СЕХА лигата против Нексе од Нашице е откриено дека еден од ракометарите на клубот е позитивен на КОВИД-19.

Откако било јасно дека еден од ракометарите е позитивен од таборот на Вардар веднаш организирале тестирање на сите останати членови на клубот и во секој момент се очекуваат резултатите од испитувањата.

Позитивниот ракометар е веднаш ставен во изолација и ако се работи за изолиран случај, односно ако само тој биде позитивен на вирусот, клубот ќе продолжи со подготовките по планираниот редослед.

Но, доколку тестирањето покаже дека има уште позитивни случаи од клубот ќе мора драстично да ги променат своите планови, а и натпреварот против Нексе ќе дојде под знак прашалник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни