Италија
Непријатно видео: Фан го снимил колапсот на Бове од првиот ред од трибините
Едоардо Бове мораше да биде враќан во живот од страна на лекарскиот тим и да биде стабилзириан пред да биде префрлен во болница, немили случувања кои направија експресно да дојде до прекина на италијанското дерби во Серија А.
Пресметката меѓу Фиорентина и Интер падна во втор план по 15 минути игра и цела Италија почна да се моли за здравјето на играчот на Фиорентина, кој за среќа успеал да се освести и самостојно да дише при пристигнувањето во болница.
Клубот од Фиренца објави дека Бове е стабилизиран и не добива кислородна поддршка од машина за дишење, а во моментите кога пристигна оваа позитивна вест, на социјалните мрежи се појави и најстрашното видео од немилиот момент.
Телевизиската камера не успеа да го долови падот на Бове поради тоа што во тие моменти се прегледуваше поништениот гол поради офсајд на Лаутаро Мартинез, но тоа успеал да го направи еден фан на Фиорентина.
Навивачот од првите редови успеал да го сними страшниот колапс на Бове, кој во дадениот момент брутално се струполил на земја додека бил опкружен од двајца играчи на Интер.
Предупредување: Вознемирувачкото видео е на следниот ЛИНК
-
Светски првенства18 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија14 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Светски првенства5 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија16 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Англија15 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
ВТА19 часа
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Шпанија6 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Свет19 часа
Португалските власти пронајдоа еден тон нелегална морска храна кај поранешен играч на Реал