Поврзете се со нас

Германија

Непријатни вести за младата ѕвезда на Баерн: Дејвис има проблеми со срцето, ќе мора да паузира

Објавено

на

Најдобрата германска екипа, Баерн Минхен некое време нема да може да смета на одличниот Алфонсо Дејвис.

Интернационалецот од Канада кој има 21 година има одредени проблеми со срцето и ќе мора да паузира од стандардните активности во наредниот период.

-Вчера за време на нашиот контролен преглед што го правиме со секој играч што имал Ковид-19, откривме знаци на благ миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул. Засега престана да тренира, па нема да ни биде достапен во следните недели.

-Овој миокардитис не е премногу драматичен врз основа на ултразвук, тоа се знаци на воспаление. Како и да е треба да заздрави и за тоа несомнено ќе потрае некое време, -истакна тренерот на „баварците“ Јулијан Нагелсман.

Колку време Дејвис ќе мора да паузира не е познато, но оваа ситуација со спортистите по прележан КОВИД-19 станува се поалармантна затоа што се повеќе асови имаат проблеми со срцето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни