Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Непријатна сцена во ракометната ЛШ: Данецот Мадсен се струполи во Веспрем (Фото)

Објавено

на

Натпреварот од ракометната Лига на шампиони меѓу Веспрем и Спортинг ќе се памети по една застрашувачка сцена пред крајот на првиот дел, во која искусниот дански судија Јеспер Мадсен се струполи на земја во ситуација кога немаше никој блиску до него.

Арбитарот кој остана во лошо сеќавање на македонските навивачи од Вараждин денеска го имаше најнепријатниот момент во својата кариера, па во продолжение неговиот колега мораше сам да го досуди натпреварот.

Мадсен се најде на паркетот и предизвика вистинско бунило и страв на паркетот, но иако успеа брзо да се прибере, сепак протоколите наложија веднаш да биде испратен во најблиската болница.

Данскиот арбитар ја напушти салата и воопшто не се појави во вториот дел, во кој единствен делител на правдата беше Мадс Хансен.

Првичните информации се дека Мадсен бил стабилен и свесен при приемот во болница, па сега ќе мора да подлегне на детални испитувања во Веспрем, пред да се добие зелено светло за враќање на терените.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни