Поврзете се со нас

Италија

Непријатен удар за Спалети: Италијански репрезентативец ја искина тетивата и го пропушта ЕП (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SassuoloUS

Лучијано Спалети најави дека ќе атакува на титулата на Европското првенство и одбрана на трофејот кој беше освоен од Роберто Манчини, но во обидот да дојде до такво нешто нема да може да смета на Доменико Берарди.

Крилниот фудбалер на Сасуоло беше еден од најдобрите на последниот Европски шампионат и продолжи да биде важен и во тимот на Спалети, а најдобар доказ за тоа беше и тоа што го започна натпреварот против Македонија кој се одигра во месец ноември.

Берарди со своите непредвидливи движења се наметна како важен играч по десната страна, но за жал сега остана без шанса да им помогне на своите соиграчи поради тешката повреда која ја заработи измиантиов викенд.

Кинењето на ахиловата тетива е ужасна вест за Спалети и италијанската репрезентација, но далеку полоша за Сасуоло каде е најдобар играч и лидер на теренот.

Берарди ќе мора да направи операција и ќе паузира со месеци, па сега Сасуоло ќе мора без него да обезбедува опстанок во Серија А.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни