Поврзете се со нас

Германија

Непријатен удар за Елиф: Повредата не е наивна, ќе може да игра фудбал наредната година!

Објавено

на

Елиф Елмас покажа голема пожртвуваност и реши да игра за Македонија и покрај тоа што не беше целосно фит, но за жал тоа му донесе една непријатна повреда која сега ќе го оддалечи подолго од терените.

Македонскиот репрезентативец беше повлече од игра во раната фаза од мечот со Летонија кој се играше минатата недела, по што брзо доби дозвола и предвреме да се врати во Германија.

Елмас брзо подлегнал на детални медицински прегледи во Лајпциг, по што истите покажале дека се работи за кинење на мускул на ногата.

Поради оваа повреда, се бара мирување од шест седмици, а тоа во превод значи дека Елмас нема да игра фудбал до крајот на 2024-та година.

Ова е голем удар за Елиф кога е во прашање неговиот статус во тимот на Марко Розе, бидејќи сега одново ќе мора да се наметнува после неколкумесечна пауза.

Бундеслигата традиционално има зимска пауза и фудбал продолжува да се игра на средина на месец јануари, а за стартот на годината се поставува уште едно големо прашање, односно дали Елмас ќе си даде уште една шанса во Лајпциг, или ќе бара промена на средината уште веднаш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни