Свет
Непријатен удар за Борусија: Халанд нема да игра до крајот на годината

Најдобриот голгетер во Лигата на шампионите нема да го гледаме до крајот на групната фаза, откако вечерва пристигнаа информации од Германија и Норвешка дека повредата која ја заработил на последниот тренинг пред вечерашниот дуел со Лацио е од посериозен карактер.
Првиот напаѓач на Борусија Дортмунд не може да им помогне на своите соиграчи вечерва во дуелот со италијанскиот калчолигаш, но како што стојат работите, тоа нема да може да го прави до крајот на оваа календарсна 2020-та година.
Фантастичниот Халанд заработил повреда на задната ложа и првичните информации велат дека станува збор за потешко истегнување, што значи дека младиот Норвежанец ќе му стои на располагање на тренерот Фавр дури на стартот на наредната 2021-ва година.
Ова дефинитивно е сериозен проблем за Борусија во пресрет на крајно згуснатиот распоред во месец декември, период во кој Халанд ќе пропушти вкупно шест натпревари.
Покрај оној против Зенит од последното коло во Лигата на шампионите, Ерлинг нема да игра и против Ајнтрахт, Штутгарт, Вердер, Унион Берлин и Брауншвајг во Купот.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Светпред 24 часа
Арсенал конечно се ослободи од Месут Озил, фудбалерот утре потпишува за својот нов тим
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 21 час
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)