Англија
Непријателите од играчките денови предизвикаа циркус како менаџери во Премиер лигата, судијата Атвел им подели црвени картони (Видео)

На натпреварот меѓу Тотенхем и Брајтон пет пати се тресеше мрежата, но два гола на гостите беа поништени од ВАР и токму поради тоа „петлите“ успеаја да слават во еден доста тензичен меч.
Разликата ја направија головите на Сон и Кејн, но пред да биде постигнат клучниот гол од англискиот напаѓач за 2:1, видовме два поништени гола на Брајтон, но и еден инцидент меѓу италијанските тренери.
Кристијан Стелини и Роберто Де Зерби го разбудија своето непријателство од играчките денови уште пред самиот старт на мечот и имаа тензичен поздрав, но ситуацијата ескалираше во 59-та минута.
Двајцата менаџери се закачија при еден прекин на теренот, по што настана хаос крај аут линијата испровоциран од луѓето кои треба да бидат пример за останатите.
Стјуарт Атвел не се двоумеше премногу и го реши проблемот со два црвени картони, па двајцата тренери беа испратени на трибината и сега ќе мора да отслужат суспензии.
Стелини пред натпреварот го „вжешти“ соочувањето со Де Зерби и истакна дека тој максимално профитирал од добрата работа која ја вршеше Потер во Брајтон, но всушнот нивната нетрпеливост датира од 2009-та година, кога двајцата имале жестоки дуели во Серија Б како членови на Бари (Стелини), односно Авелино (Де Зерби).
DE ZERBI AND STELLINI GOING AT IT! 😤 #TOTBHA pic.twitter.com/ln73Jxzdz4
— The Premier League Club (@TPLCSports) April 8, 2023
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 7 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)