Поврзете се со нас

Англија

Непотребен циркус: Челси водеше 4:0, тројца играчи се „тепаа“ кој да изведе пенал (Видео)

Објавено

на

Кол Палмер заостануваше четири гола зад Ерлинг Халанд пред почетокот на денешниот натпревар против Евертон, но на крајот се израмни со Норвежанецот на врвот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата (сега двајцата имаат по 20).

Англискиот репрезентативец достави кандидатура за „Златната копачка“ и најверојатно планира да му ги замрси сметките на Халанд, а тоа можеше да се заклучи и од потегот во второто полувреме.

Откако постигна перфектен хет-трик за само 16 минути, Палмер беше дел од караницата која ја имаа дури тројца играчи на Челси во вториот дел, а причина за тоа беше недоразбирањето околу изведувачот на најстрогата казна.

Мадуеке и Џексон влегоа во расправија и не можеа да се договорат кој да го изведе пеналот, па мораше да интервенира и капитенот Галагер кој му ја предаде топката на првиот пеналџија.

Палмер стандардно ги изведува пеналите и така беше и вечерва, но тоа не му се допадна премногу на Џексон кој не ни отиде да го слави голот на Кол за 5:0.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни