Поврзете се со нас

Македонија

Непосакувана вест пред рестартот: Тинекс Пролет потврди дека Диви е позитивен на Ковид 19

Објавено

на

Ракометната Федерација се уште нема донесено одлука во какви услови ќе продолжи ракометната Суперлига, која приморано беше суспендирана поради огромниот број на позитивни корона случаи во неколку тимови.

Како што стојат работите, ситуацијата со заразени ракометари се уште не е под контрола и засега се одложува рестартот на сезоната, па по таквите најави, вечерва со непоосакуваната вест излезе и Тинекс Пролет. Во соопштението кое беше испратено до спортската јавност, Тинекс Пролет информира дека поранешниот репрезентативен голман, Петар Ангелов е позитивен на Ковид 19.

    – Голманот на Тинекс Пролет, Петар Ангелов – Диви, е позитивен на Covid-19. Нашиот чувар на мрежата не беше во тренажен процес во последниот период поради болки во коленото, но по појавата на првите симптоми Ангелов беше тестиран, по што денеска доби позитивен резултат на Covid-19.

    Иако Ангелов не беше во контакт со соиграчите во последните денови, Тинекс Пролет ги презема сите неопходни чекори, тренажниот процес на првата екипа е прекинат, а за следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на нашата екипа и на стручниот штаб.

    Му посакуваме на нашиот чувар на мрежата што побрзо оздравување и враќање на терените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни