Поврзете се со нас

Репрезентација

Непосакувана вест: Милевски остана без една опција пред мечот со Малта (Фото)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација од неделата ги стартуваше подготовките за првиот квалификациски меч во овој циклус, но вчерашниот тренинг донел и една лоша вест, која денеска беше потврдена од две страни.

Дориан Бабунски играше во фантастична форма во својот клуб и се истакна со неколку погодоци, но добриот период за жал нема да може да го пренесе во репрезентацијата.

Напаѓачот заработил повреда и лекарските прегледи покажале дека ќе мора да мирува, што значи дека тој го пропушта мечот со Малта, а нема да се ризикува ниту против Фарски Острови.

Фудбалерот преку социјалните мрежи им посака среќа на своите соиграчи, а коментар даде и селекторот Милевски на прес-конференцијата.

– Дориан дефинитивно отпадна и нема да настапи утре. Неговата повреда е потврдена од лекарскиот тим и не може да сметаме на него. Останатите играчи се добри и се надевам дека ќе остане така и по денешниот тренинг, – изјави Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни