Шпанија
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина

Војчех Шчесни ја продолжи својата импресивна серија како прв голман на Барселона и останува непоразен откако застана меѓу стативите на каталонскиот великан, низа која трае од самиот старт на 2025-та година.
Откако доби шанса во Суперкупот кој го освои Барса, искусниот чувар на мрежата се претвори во прв избор на Ханси Флик и оттогаш не знае за ниту еден пораз (14 победи и 2 реми пресметки), па во период кога изгледа навистина импресивно на голот, се поставуаат прашањата дали може да ја продолжи авантурата која започна неочекувано.
Шчесни се врати од пензија за да ја прифати понудата на Барселона, а иако за очекување е следната сезона прв голман да биде Марк Андре Тер Штеген, постои опција Полјакот да остане уште една година во Каталонија.
– Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина. Во овој момент најважно е да останам физички фит и да сочувам сила за финишот од сезоната, мора да бидеме ментално силни за завршните два месеци од сезоната.
– Да бидам искрен, се уште мислам дека не сум го достигнал зенитот, се уште не сум на 100 проценти. Најдобрата форма допрва треба да ја достигнам во април и мај, – потенцира Шчесни.
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија20 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија19 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија3 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија7 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите