Поврзете се со нас

Македонија

Непобедливиот Алкалоид броеше до 40 против Куманово

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Алкалоид полека прераснува во главен претендент за титулата во македонската ракометна Суперлига, бидејќи тимот на Кирил Лазаров навистина изгледа непобедливо во овие први два месеци од новата сезона.

Иако е рана фаза на кампањата, тимот од Автокоманда веќе доби директни дуели со Вардар и Еурофарм Пелистер, а добриот ритам продолжи и денеска во Суперлигата.

Момците на Кирил Лазаров се навикнаа да бидат блиску до границата од 40 голови на последните неколку меча, но денеска постигнаа токму 40 во мрежата на Куманово.

По импресивните европски изданија и убедливата победа над Тинекс Пролет, Алкалоид денеска во Автокоманда го преслуша и тимот на Куманово, меч кој беше еден вид на полесен тренинг.

Фаворитот славеше со 40:25 и ја запиша јубилејната 10-та победа во Суперлигата, па само дополнително го осигура првото место на табелата во македонската елита.

Александар Петковски беше најефикасен со девет гола во противничката мрежа, но исто толку постигна и Дарио Симоноски од противничкиот табор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни