Поврзете се со нас

ВТА

Непобедливата Швјонтек го освои Ролан Гарос, првите честитки ги доби од Левандовски (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек ја продолжи својата фантастична серија на резултат и го освои вториот грен слем во оваа календарска година Ролан Гарос.

Швјонтек одигра моќно во свој стил и во финалето каде за ривал ја имаше 18-годишната Коко Гоф. Ига славеше со 2-0 во сетови со 6:1 и 6:3 за нешто повеќе од еден час игра со што дојде до вториот пехар во кариерата на Френч Опен.

Ова воедно за тенисерката од Полска беше шести освоен пехар во 2022 година или вкупно 35 победа во низа со која го израмни рекордот на Венис Вилијамс, рекорд остварен во овој 21 век.

Ига веднаш откако победа веднаш се упати кон своите луѓе, својот табор, а интересно тука беше и најдобриот полску фудбалер Роберт Левандовски кој беше меѓу првите кои и го честиташе овој резулат на сонародничката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни