Поврзете се со нас

Свет

Непобедливата Колумбија го сруши Уругвај и по 23. години ќе се бори за пехарот на Копа Америка (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/golazo_america

Репрезентацијата на Колумбија излезе како победник од дерби пресметката со Уругвај (1-0) во полуфиналето на Копа Америка и со тоа закажа меч за титулата против Аргентина на 15 јули од 2 часот по полноќ.

Колумбијците потврдија дека се во одлична форма и дека „пукаат“ од самодоверба, па стигнаа до триумф над избраниците на Биелса иако целото второ полувреме го играа со играч помалку поради исклучувањето на Муњоз.

Меѓутоа тие го издржаа притисокот на противникот кој се обидуваше да израмни, иако и тие имаа свои шанси да го затворат мечот со уште еден погодок.

На крајот се покажа како пресудна ситуацијата од 39 минута кога Лерма на асистенција на капитенот Родригез ја смести топката во мрежата на поранешниот светски шампион.

Популарните „Лос Кафетерос“ се во страшна серија, немаа ниту еден пораз од 2022 година кога загубија од Аргентина, нивниот следен ривал што е дефинитивно најава за вистински спектакл во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни