Поврзете се со нас

НБА

(Не)очекувано решение: Лејкерс ангажираше стратег кој нема водено ниту еден клуб

Објавено

на

Фото: twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс пред некое време се раздели со Дарвин Хем кој во меѓувреме се врати во Милвоки Бакс, период во кој „езерџиите“ пак се обидуваа да договорат негов наследник.

Прва желба на клубот од Калифорнија беше Ден Харли, ама тој ја одби понудата вредна 70 милиони евра за шест години. Потоа фокусот на Роб Пелинка и неговите соработници беше Џеј-Џеј Редик, аналитичарот на ЕСПН кој мина 15 години во НБА лигата, но досега нема работено во ниту еден клуб,

Токму Редик ќе ја добие шансата да го оди славниот состав од Лос Анџелес, информација која вечерва ја пренесуваат американските медиуми на чело со Војнаровски кој секогаш ина точно и прецизни инсајдерски евсти.

Имено Редик кажал „ДА“ четиригодишен договор со Лејкерс, поточно Пелинка кој е потпретседател и генерален менаџер верува во неговата кошаркарска интелегенција, можноста брзо да се поврзува со луѓе, односно смета дека заедно со квалитетен стручен штаб Џеј-Џеј може да биде вистинско решенија за тимот кој е на второто место по бројот на освени пехари во НБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни