Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Неочекуваниот херој на Милан дебитираше во ЛШ на 30 години, Пиоли не ги криеше емоциите

Објавено

на

Милан пропушти големи шанси да освои повеќе бодови на претходните четири меча во Лигата на шампионите, но вчера се избори за огромна победа на „Ванда Метрополитано“, која ги остава „росонерите“ во игра за пласман во осминафиналето.

Составот на Пиоли постигна гол во самата завршница на гостувањето кај цврстиот Атлетико и извојува победа од 0:1, а херој беше човекот од кого најмалку се очекуваше да се докаже на најголемата европска сцена.

Жуниор Месиас има неверојатна фудбалска приказна и синоќа дебитираше во Лигата на шампионите на 30-годишна возраст, три години по играњето аматерски фудбал и испорачувањето на машини за перење во обид да собере што повеќе средства за полесно преживување.

Луда трансфер приказна: Пред три години испорачувал машини за перење, вчера позираше со дресот на Милан (Фото)

Бразилецот беше хит кога потпиша со Милан на крајот од летниот преоден рок, а откако ја санираше повредата, сега дочека ѕвездена ноќ и е тема број еден во италијанската јавност.

– Остваривме голема победа, перформансите беа извонредни од нашата страна. Моите играчи играа со храброст и покажаа квалитет. Заслужуваат да слават, влегуваме со шанси во последното коло од групната фаза.

– Месиас? Неговата приказна е неверојатна и навистина многу убава за фудбалот, но сметам дека ова е само почетокот за него бидејќи поседува одличен квалитет. Имаше потешкотии кога пристигна поради повреди, но сега навистина ќе му помогне на тимот. Пресреќен сум за него, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни