Поврзете се со нас

Светски првенства

Неочекувани проблеми за Червар: Стомачен вирус ги нападна „каубоите“ пред клучниот меч во Египет

Објавено

на

Хрватската ракометна репрезентација ја отвори втората рунда на мундијалот со убедлива победа против Бахреин, што направи утрешниот меч против Аргентина да биде клучен за остварување на првата и главна цел како што порача селекторот Лино Червар.

Трофејниот стручњак порача дека пласман во полуфиналето била првична цел на „каубоите“ пред пристигнувањето во Египет, а бидејќи ги дели само една победа од такво достигнување, јасно е дека натпреварот со „гаучосите“ ќе биде многу важен за нивната игра, но и за самодовербата.

Сепак, хрватските медиуми оваа вечер пренесуваат дека Червар добил доста лоши и неочекувани вести во подготовката за утрешниот дуел, бидејќи добар дел од репрезентативците „закачиле“ стомачен вирус, а превентивно биле направени и Ковид тестови.

Според последните информации, во најлоша состојба се Мартиновиќ и Дувњак, со тоа што овој првиот е сериозно доведен во прашање за настап на пресметката против Аргентина.

Добра вест за Лино е тоа што направените Ковид тестови биле негативни, па надежта дека брзо ќе се рехабилитираат е голема во таборот на „каубоите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни