Поврзете се со нас

Европски купови

Неочекувани проблеми: Еурофарм Пелистер ослабен за битката со Ним

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер му гостува на Ним во рамките на 7. коло во групата Д во ЕХФ Европската лига.

Оваа средба се игра денеска од 18:45 часот, а за истата тренерот Жељко Бабиќ нема да може да смета на неколку важни играчи. Имено во последен момент поради позитивни тестови на КОВИД-19 отпаднаа Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, а во аут се и повредениот Мирко Радовиќ како и репрезентативецот на БиХ, Јосип Периќ.

Ова се дефинитивно сериозни проблеми за клубот од Битола кој без разлика на сите пехови ќе даде се од себе за да се избори за позитивен резултат против Ним, тим кој лесно ги надигра на првиот дуел во Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни