Поврзете се со нас

Италија

Неочекуваната промена му се удри од глава: Типот на Алегри пред мечот со Емполи „потона“ уште во 16. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Масимилијано Алегри го подготвува секој натпревар на специфичен начин и користи оружја кои смета дека се подобри во дуел со екипи кои играат физички фудбал, но промената која ја направи денеска во стартната постава брзо му се удри од глава.

Тренерот на Јувентус го остави разиграниот Јилдиз на клупата на резерви и на негово место му даде шанса на Аркадиуш Милик, кој наместо да одговори позитивно, го остави тимот на цедило по 16 минути.

Полјакот реагираше преагресивно и за остар старт заработи директен црвен картон, па со тоа автоматски пропадна во вода изјавата на Макс Алегри и храбриот тип кој го даде тренерот на Јувентус пред мечот.

– Милик пред Јилдиз е одлука само за овој меч. Јилдиз беше многу добар во последно време, но Милик е во добра форма и со оглед на натпреварот кој го очекувам, сметам дека ќе биде подобра опција и покорисен за тимот на овој меч. Јилдиз ќе биде добра опција од клупата, – изјави Алегри.

По крајот на натпреварот кој заврши 1:1, новинарите го потсетија Макс на оваа изјава, па тренерот на Јувентус мораше да даде и оправдување.

– Едно замислувате, а потоа се случува друго. За жал се случуваат вакви работи во фудбалот. Беше голем удар за нас што останавме со десет играчи, но и покрај тоа се боревме и освоивме бод кој сметам дека е многу важен. Милик беше добар во Серија А и во Купот, идејата беше да ја искористиме неговата физичка сила со центаршутеви против тимот на Емполи кој беше предодреден да се брани. За жал, не се случи тоа што го замислив, но на крајот поминавме добро. Ја продолживме серијата без пораз, ќе беше уште полошо за нас ако претрпевме неуспех, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни