Поврзете се со нас

АТП

Неочекувана вест од Мелбурн: Кирјос се повлече од Австралија Опен

Објавено

на

Ник Кирјос нема да настапи на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен.

Најдобриот домашен играч важеше за еден од тенисерите кој може да далеку да стигне на овој турнир, односно да биде фаворит од сенка, меѓутоа тој се повлече од настанот во Мелбурн поради проблеми со коленото.

Ник не играше на Аделејд, но со загреа со победа против Новак Ѓоковиќ на егзибицискиот меч кој беше последна проверка пред АО. Сепак повредата на коленото не е наивна и Ник мораше да го откаже учеството.

-Јас сум крајно разочаран и знам дека сакате да знаете што се случува. Исцрпен сум од се. Ова е прилично брутално. Еден од најважните турнири во мојата кариера. Воопшто не беше лесно, -порача Кирјос кој за ривал во првата рунда требаше да го има Роман Сафиулин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни