Поврзете се со нас

Свет

Неочекувана одлука: Солберг ја напушти шведската ракометна репрезентација

Објавено

на

Фото: https://x.com/hlandslaget

Глен Солберг решил да се повлече од селекторската позиција во шведската ракометна репрезентација и федерацијата ќе треба да најде ново име како замена за одговорното место во машкиот национален тим.

Последен важен турнир на кој Швеѓаните беа водени од Солберг беа Олимписките игри во Париз, а тој вели дека му е потребен одмор по интензивниот период исполнет со многу настани и натпревари.

– Селекторската функција подразбира голема одговорност и ангажман. Бев на оваа позиција околу пет години во кои игравме на шест турнири, а притоа многу време морав да бидам оддалечен од својот дом поради честите патувања и средби со репрезентативците. Беше возбудливо, но сега е време да направам пауза и да размислам што сакам да правам во иднина, – вели Солберг во својата официјална изјава.

Тој ја презема функцијата по ЕП во 2020 година, веќе следната година Шведска стигна до финалето на СП, а во 2022 година скандинавската селекција освои европско злато.

– Шведската ракометна репрезентација ќе ја прифати оставката на Солберг. Во секој случај ова е тажен момент, но ја почитуваме одлуката, – рекол генералниот секретар на федерацијата, Роберт Ведберг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни