НБА
Неочекувана одлука: Мемфис го отпушти тренерот со најмногу победи во нивната историја

Екипата на Мемфис Гризлис одлучи да се раздели со тренерот со најмногу остварени победи во нивната историја-тоа е Тејлор Џенкинс.
Ова е последната вест која доаѓа од НБА лигата, вест која е навистина неочекувана затоа што Мемфис е тим високо позициониран на Западот (петти), тим кој има учинок 44-29 на девет натпревари до крајот на регуларниот дел на натпреварувачката 2024/2025.
Тејлор од сезоната 2019-20 ги предводеше Гризлис, сезоната во која Џа Морант го доби признанието за дебитант на годината.
Џенкинс во ноември стана стратегот со најмногу остварени триумфи како предводник на Мемфис, состав кој трипати го одведе во плејофот во претходните сезони. Ова за 40-годишниот стратег беше прво искуство како главен тренер во НБА, претходно работеше како асистент во Атланта Хокс и Милвоки Бакс.
-
Свет20 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија18 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија16 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија18 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија19 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА15 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
Шпанија24 часа
Ханси Флик ги подбра играчите кои не се радуваа на победата над Селта: Не можам да ги разберам
-
НБА6 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)