Поврзете се со нас

Франција

Неочекувана одлука: Дури седум ѕвезди на ПСЖ ќе играат во петтата лига?

Објавено

на

Од таборот на ПСЖ нема да имаат никаква милост кон фудбалерите кои Кристоф Галтие не ги сака во својот тим, па доколку не си заминат ќе бидат прекомандувани во вториот тим на „светците“.

Галтие во координација со Луиис Кампос донеле одлука дури седум играчи од првиот тим да играат во вториот тим кој се натпреварува во петтата француска лига.

„Л’Екип“  пренесува дека во клубот сериозно се размислува да ги префрли Андер Ерера, Лајвин Курзава, Жулијан Дракслер, Рафиња, Тило Керер, Идриса Геје и Мауро Икарди во резервниот тим.

Ерера, Курзава, Дрекслер и Икарди имаат уште две години од договорот и ќе биде нештопотешко да реализираат трансфер ова лето.

Идриса Гана Геје е пред враќање во редовите на Евертон, додека Тило Керер се поврзува со трансфер во тимот на Вес т Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни