Поврзете се со нас

Англија

(Не)очекувана одлука: Алкантара заминува во пензија на 33 години

Објавено

на

foto: x.com/Thiago6

Поранешниот шпански репрезентативец, Тијаго Алкантара одлучил да и стави крај на својата активна фудбалска кариера.

Алкантара имаше многу проблеми со повредите во Ливерпул особено во последната сезона, повреди кои не му дозволија да го прави она што го сака, па по истекот на договорот си замина од „Енфилд Роуд“. Многумина очекуваа вест за тоа каде ќе го продолжи активното патување, но последните информации говорат дека играчот за врска одлучил да ги закачи копачките на клин.

Низ кариерата тој ги освои сите можни пехари на клупско ниво играјќи за Барселона, Баерн Минхен и Ливерпул.

Кога е во прашање селекцијата, тој беше дел од шампионските генерации на ЕП за играчи до 17 и 21 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни