Неочекувана најава за големото дерби: Угледен букмејкер го направи Сити шампион уште во декември

siti-slavje

Големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кое ќе се одигра овој викенд ќе значи и директна борба за титулата во Премиер лигата, со тоа што евентуална победа на домаќините ќе ја разжести битката за шампионскиот трофеј, а во случај на победа на „граѓаните“, тогаш навистина ќе делува недостижна предноста од цели 11 бода.

Тимот на Пеп Гвардиола игра перфектно во домашното првенство и веќе од останатите ривалски стручњаци го добија епитетот „непобедливи“, а сега големото дерби кое ќе се одигра на „Олд Трафорд“ доби уште поинтересна увертира откако најпознатиот ирски букмејкер „Педи Пауер“ одлучи да ги исплати сите тикети на обложувачите кои типувале дека Сити ќе биде шампион.

Одговорните луѓе на букмејкерската куќа се убедени дека претстојното градско дерби нема ништо да промени кога е во прашање конечниот распоред во месец мај, укажувајќи на тоа дека актуелниот тим на Манчестер Сити игра како славната Барселона на Пеп Гвардиола.

– Ние сме целосно купени од возбуда од тимот на Пеп Гвардиола. Не гледаме кој може да му се приближи на Манчесер Сити. Ако ги игнорирате сините дресови, одредените празни места на стадионот и манчестерскиот акцент, оваа година одењето на „Итихад“ е како да ја гледате Барселона на Пеп Гвардиола. На сето ова се должи ваквата наша одлука, – вели портпаролот на „Педи Пауер“.

 

Facebook Коментари