Неочекувана најава од Хрватска: Адеми става крај на етапата во Динамо Загреб?

Ademi1 Rijeka

Медиумите во Хрватска пишуваат дека македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е на излезните врати од новиот шампион на Хрватска.

Адеми се врати оваа сезона по неколкугодишната суспензија и покажа дека не заборавил да игра фудбал, па на многу натпревари од хрватскиот шампионат беше и најдобриот фудбалер на клубот.

Сепак, играчот од средниот ред сметал дека е време за прв посериозен интернационален предизвик во неговата кариера и им навестил на челниците на Динамо дека сака да замине ова лето.

Од Динамо Загреб би требало да си замине и најдобриот играч на клубот во последните неколку години, Хилал Судани.

Facebook Коментари