Поврзете се со нас

Германија

Неочекувана „бомба“ од Минхен: Баерн го „шутна“ Нагелсман! (Фото)

Објавено

на

Водечките луѓе на Баерн Минхен долго време ги отфрлаа шпекулациите и му даваа максимална поддршка на Јулијан Нагелсман, но вечерва како гром од ведро небо пристигна информацијата дека клубот му врачил отказ на младиот стручњак.

Угледниот „Билд“ излезе со своја бомбастична ексклузива и тврди дека Баерн го отпуштил тренерот оваа вечер, а одлуката е дефинитивна и ќе биде соопштена и преку социјалните мрежи во наредните часови.

Нагелсман извонредно добро го водеше Баерн во Лигата на шампионите оваа сезона и без пораз и реми се пласираше во четвртфиналето, но на крајот водечките структури останале незадоволни од работата во Бундеслигата и сметаат дека е најдобро завршницата од сезоната да ја дочекаат со друг тренер.

Баерн го загуби првото место на табелата пред паузата поради репрезентациите, а како што стојат работите, тимот на дербито против Борусија Дортмунд ќе биде воден од нов тренер.

Веста на „Билд“ брзо ја пренесоа и сите останати светски медиуми, па во најскоро време се очекува и соопштение на Баерн и објаснување на одлуката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни