Свет
Неочекуван проблем ја одложи саботната фешта во Истанбул во чест на Мората

Алваро Мората го договори трансферот во Галатасарај и веќе позираше со спортскиот директор на турскиот клуб, па иако за оваа саботна вечер беше планирана фешта во Истанбул, истата мора да биде одложена.
Шпанскиот напаѓач беше планирано вечерва да отпатува од Италија за Турција и да има бомбастичен пречек од страствените турски фанови, но како што јавуваат угледните медиуми, најавените 30 илјади навивачи ќе мора да почекаат.
Имено, летот на Мората од Милано за Истанбул бил одложен поради лошите временски услови и присуството на магла, па истиот е презакажан за најрано во недела наутро.
Тоа значи дека Мората и навивачите на Галатасарај ќе мора да почекаат за својата прва средба, која во најмала рака се очекува да биде спектакуларна.
Турците се познати како големи фанатици кои секогаш им приредуваат топол пречек на големите ѕвезди, а актуелниот европски шампион дефинитивно го оправдува таквиот статус.
Милан пред само шест месеци му плати 13 милиони евра на Атлетико за да го добие капитенот на шпанската репрезентација, но после пола година како член на „росонерите“, Алваро е подготвен за своето прво фудбалско искуство подалеку од Шпанија, Италија и Англија
-
НБА21 час
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија22 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)